ВЕРТИКАЛ СПОРТ
Вертикал спорт е првата фирма која почна да се занимава со продажба на опрема за спортско качување, алпинизам и безбедна работа на височина во Македонија.
Основана е во 2005 година, кога основачот Владимир Трповски управител на фирмата, еден од водечките македонски спортски качувачи, познат и по експедиционизмот, скијањето и работа на височина, ја препозна потребата и потенцијалот од една ваква фирма.
Директор на фирмата е Здравко Петровски, долгогодишен планинар, спортски качувач, планински спасител со долгогодишно искуство за работа на висина.
Главна дејност на Вертикал спорт е дистрибуција на специјализирана опрема за работа на висина и спорт.
Увозник и дистрибутер е на фирмите PETZL, BEAL, TENAYA, FJORD NANSEN за Македонија.
Како искусни познавачи и долгогодишни корисници на производите, тимот на Вертикал спорт е секогаш на располагање за консултации и соработка при набавка на опрема, работа на висина, обука за безбедна работа на висина и на објекти кои се тешко достапни за работа.
Вертикал спорт активно и постојано помага во развивањето на спортското качување во Македонија со спонзорирање натпревари во спортско качување, собири во качувачките локалитети и донации на експанзиони клинови за отворање нови спортско качувачки насоки на карпите низ цела Македонија.
PETZL е Француска врвна фирма за производство и тестирање на опрема за спортско качување, алпинизам, спелеологија, спасување и работа на недостапни места и објекти, светски лидер. Нивните челни ламби се бренд - поим за квалитет и новитет и се со широка употреба низ целиот свет.
BEAL е реномирана француска фирма која е најголем производител на синтетички јажиња во светот. Тестираните јажиња се користат за спортско качување, алпинизам, експедиционизам, спасителни акции и работа на висина.
TENAYA е Шпанска фирма која ги произведе најдобрите патики за спортско качување. Резултат на тоа е соработката со најдобрите качувачи како Крис Шарма, Алекс Мегос, Рамон Јулиан, кои со своите врвни резултати во качувањето, дадоа придонес за да се направат патики за качување за секој спортски качувач во целиот свет.