Почитувани,
Имаме чест да ви ја представиме програмата за обука за безбедна работа на височина со алатките PETZL, безбедно качување, симнување и во случај на пад.
Вовед
- Курсевите се вовед за сите лица кои работат на метални конструкции, телекомуникациски столбови, кранови, кули, кровови и други градежно- метални конструкции.
Цел на обука
- Неопходно запознавање со техниката за ракување со алатките за работа на височина и падовите, како дел кој треба да се презентира за да се разбере суштината на падот и неговите ефекти.
- Запознавање и прифаќање на различни техники за висинска работа во зависност од временските услови и специфичноста на работата која треба да се изврши и нормално од условите за работа.
- Со оваа обука треба да се разбере леснотијата и комфорот кој го нуди опремата и нејзината намена, како и стандардите кои се задолжителни при набавка на опремата и нејзиното користење.
- Ограничување од максимален ризик на пад од височина, како и последиците од тој пад, обука за превенција и спасување на повредениот од висина после пад или несвестица.
Курсеви
- Предлагаме неколку курсеви, во зависност од специфичноста на работата и неопходноста од усвојување на соодветните техники и вештини.

Опрема
Вертикал Спорт ДООЕЛ Скопје може да набави дополнителна опрема која не ја поседувате во моментот, а планирате да ја набавите во иднина, како и обука за истата.
- Кандидатите треба да имаат веќе подготвена опрема со која ќе работат професионално во иднина, а со истата ќе го посетат курсот.
Време и место на одржување на курсот
- Курсевите се одржуваат на однапред договорени места и дата.
- Теоретскиот дел се одржува во канцеларија или спортска сала во зависност од бројноста на групата. Практичниот дел е на вештачка карпа и антенски столб или метална конструкција - по договор.
Сертификат
По завршување на курсот сите учесници се стекнуваат со Сертификат/Диплома за завршен курс за висинска работа.
Овој Сертификат се стекнува врз основа на демонстративно практично стекнати знаења за време на курсот и успешно положен тест на крајот од
курсот.
На учесникот кој нема да ги исполни овие барања нема да му се издаде Сертификат.