Вертикал Спорт

Вертикал спорт е првата фирма која почна да се занимава со продажба на опрема за спортско качување, алпинизам и работа на висина во Македонија.
Основана е во 2005 година, кога основачот Владимир Трповски управител на фирмата, еден од водечките македонски спортски качувачи, познат и по експедиционизмот, скијањето и работа на висина, ја препозна потребата и потенцијалот од една ваква фирма.

Директор на фирмата е Здравко Петровски, долгогодишен планинар, спортски качувач, планински спасител со долгогодишно искуство за работа на висина.

Главна дејност на Вертикал спорт е дистрибуција на специјализирана опрема за работа на висина и спорт.
Увозник и дистрибутер е на фирмите  PETZL, BEAL, LA SPORTIVA, WILD CLIMB, FJORD NANSEN за Македонија.

Како искусни познавачи и долгогодишни корисници на производите, тимот на Вертикал спорт е секогаш на располагање за консултации и соработка при набавка на опрема, работа на висина, обука за безбедна работа на висина и на објекти кои се тешко достапни за работа.

Вертикал спорт активно и постојано помага во развивањето на спортското качување во Македонија со спонзорирање натпревари во спортско качување, собири во качувачките локалитети и донации на експанзиони клинови за отворање нови спортско качувачки насоки на карпите низ цела Македонија.

PETZL е Француска врвна фирма за производство и тестирање на опрема за спортско качување, алпинизам, спелеологија, спасување и работа на недостапни места и објекти, светски лидер. Нивните челни ламби се бренд - поим за квалитет и новитет и се со широка употреба низ целиот свет.

BEAL е реномирана француска фирма која е најголем производител на синтетички јажиња во светот. Тестираните јажиња се користат за спортско качување, алпинизам, експедиционизам, спасителни акции и работа на висина.